МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ОД УТРЕ МОЖЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО СРБИЈА САМО СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУС

Македонските државјани од утре ќе мора да приложат негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, ако сакаат да влезат во Србија, објави тамошниот Кризен штаб за борба против коронавирусот.

Освен Македонија, оваа одлука се однесува и на Хрватска, Романија и Бугарија, додека во исто време се укинуваат рестрикциите за државјаните на Црна Гора.

„Одлуката е донесена врз основа на проценката на актуелната епидемиолошка ситуација и трендот на ширењето на коронавирусот забележан во изминатите денови“, изјави епидемиологот Весна Кисиќ-Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial