Македонските државјани од следниот месец ќе можат да патуваат во Србија без тест за Ковид-19

Српската премиерка Ана Брнабиќ денес изјави дека нејзината влада ќе се обиде што е можно повеќе да го либерализира влезот во Србија со цел што поскоро да закрепне економијата во земјата.
Од 1-ви јуни на сила ќе стапи либерализираниот премин на граничните премини со Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, при што на граѓаните на овие земји нема да им се бара негативен тест на новиот коронавирус.
„За државјаните на овие земји нема да има потреба од тестови, тие ќе можат да влегуваат во Србија како и порано“, изјави Брнабиќ и додаде дека за државјаните на останатите земји останува а сила задолжителното тестирање, односно доставување на негативен „ПЦР“ тест на Ковид-19 за влез во земјата.