МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Кубурат со работници, ама важно багерите и булдожерите влегоа на трасата

По почетокот на работите на коридорот 8, денеска стартуваше и изградбата на автопатската делница Прилеп – Битола (40 километри) од коридорот 10д. На оваа делница први влегоа багерите, булдожерите и другата градежна механизација на битолската компанија „Стентон градба“ која се споменуваше како еден од подизведувачите што ги ангажира „Бехтел и Енка“ за реализација на овој проект.

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека во полн ек се изведуваат градежни работи на патните правци Градско – Прилеп со пробивањето и на вториот тунел на Фаришка Клисура.

– Исто така, се одвиваат работите и на патниот правец што води кон Фаришка Клисура, што значи дека со завршувањето на сите овие патни правци, ќе имаме комплетно автопатско решение од Коридорот 10, исклучување кон Прилеп, Битола и патот кон Меџитлија кон грчката граница – истакна Ковачевски.– Имаме реномиран и искусен изведувач, затоа што сите институции што сме инволвирани во изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10 д покажуваме подготвеност да одговориме брзо и ефикасно на сите постапки и процедури за реализација на овој крупен проект. На граѓаните од Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Ресен им е потребен овој автопат – потенцира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

– На сите траси непречено се одвиваат и геомеханичките испитувања, а до проектната единица веќе се доставени инфраструктурни проекти за сите делници, освен за Требешништа – Струга – Ќафасан. Доставени се и елаборати за експропријација за Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, а се очекуваат и елаборатите и за Прилеп – Битола – истакна директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.Менаџерот Гоце Стојаноски за Канал 77 потврди дека „Стентон градба“ е избрана за подизведувач на Коридорот 8 и како што објасни, преговорите со „Бехтел и Енка“ траеле со месеци.

– Имаме искуство со нискоградба, имаме сопствено производство на бетон, градежна механизација. Бараа референци, документација, работни биографии на персоналот. Почнуваме со подготвителните работи по проектите кои се изработени – изјави Стојаноски кој пак, не кажа повеќе детали околу роковите и текот на работите, со образложение дека ќе работат позиција по позиција.

„Стентон градба“ е компанија, кој работи на крупни градежни проекти, со што влезе во друштво на вкупно 37 подизведувачи на коридорите до сега, како што објасни проект менаџерот на „Бехтел и Енка“ кој рече дека изборот на подизведувачите е направен според нивните строги и прецизни критериуми, компании кои ќе треба да одговорат на динамиката на работите на терен. Засега, никој не потврдува или негира дека фирмата „Еуровиа“, еден од најголемите донатори на ДУИ дека е една од подизведувачите на американско – турскиот конзорциум за изградба на коридорите.

За изградба на четирите делници од проектот тежок 1,3 милијарди евра ќе бидат потребни околу 8 илјади работници, од кои 2 илјади само на делницата Гостивар – Букојчани. Премиерот Димитар Ковачевски обелодени дека на досега одржаните саеми за вработување во Тетово, Гостивар и во Битола, пристигнале скромни 360 апликации, а наскоро таков саем ќе се одржи и во Прилеп. Тој посочи дека саемите за вработување треба да бидат поттик за сите наши со граѓани, без оглед на возраста, сите оние што се работоспособни и кои сакаат да работат на овој голем проект и во една од најреномираните светски компании „Бехтел“ и нивниот партнер „Енка“.

Левица поднесе кривична против заменик министерот за труд поради лажирање официјален документ со ЕУ знаменце во случајот „Бехтел и Енка“

До Основното јавно обвинителство – Скопје, партијата Левица поднесе кривична пријава против актуелниот заменик-министер за труд и социјална политика – Енвер Хусејн за сторено кривично дело против службената должност – „Фалсификување службена исправа“, казниво по чл. 361 од Кривичниот законик, за кое е запретена затворска казна до пет години.

– Пријавениот се терети дека, намерно и со умисла, противуставно, противзаконски и противделовнички пуштил во собраниска процедура Предлог-закон за измена и дополнување на Законот за работните односи по скратена постапка, во чија коресподентна табела дал, и со свој потпис и службен печат, заверил лажна изјава за наводно усогласување на законските измени со ЕУ директиви и регулативи, иако знаел или морал да знае дека тие се со спротивна содржина од онаа која се предлага – велат од Левица.

Наместо европските максимални 48 часа неделно, тој предложил прекувремена работа од над 72 часа неделно – камуфлирајќи го ова како божемна хармонизација со „европска регулатива“, во брза постапка!

– На овој начин, тој со предумисла ги измамил и свесно ги донел во заблуда пратениците во Собранието на РМ, а придонел и во илегалното ограничување на пратеничкото право на збор на народните избраници – како на комисиите, така и на пленарната седница – велат од Левица.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial