МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Кривична за браќата кои претепаа лекар во Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40 ) од Тетово, поради
основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Тие се сомничат дека вчера во периодот од 9 до 9 часот и 30 минути, на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.( 45 ). А.Б. и Л.Б. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово – велат од МВР.

Во соопштението се додава дека во текот на денешниот ден, со соодветен поднесок, тие ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial