МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Кралот Чарлс Трети и Камила ги поздравија граѓаните од балконот на Бакингемската палата

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила, придружувани од кралското семејство, денеска излегоа на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрават десетиците илјади луѓе собрани по повод нивното крунисување.

Заедно со кралот и кралицата со круни и во церемонијална облека беа и престолонаследникот Вилијам со сопругата Кејт и нивните деца, и братот и сестрата на кралот, Ана и Едвард.Од балконот го следеа свечениот прелет на воздухопловните сили, со помалку авиони поради дождот.Потоа влегоа во палатата, но набрзо се вратија на балконот за повторно да ги поздрават граѓаните.

Најмладиот син на Чарлс, Хари и неговиот брат Ендрју не беа на балконот. Хари – војводата од Сасекс и Ендрју – војводата од Јорк, повеќе не се активни членови на кралското семејство.

Хари и Ендрју присуствуваа на денешното крунисување во Вестминстерската опатија, но беа во третиот ред меѓу гостите.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial