Кој и зошто војува во Нагорно-Карабах?
Десетти ден Нагорно Карабах е во пламен, билансот на жртви се брои во стотици, Ерменија и Азербјџан се уште се обвинуваат кој прв почна.
Дека нема назнака за примирје во еден од најстарите светски конфликти, денеска потврдија и лидерите на двете земји во интервју за Еуроњуз.
-Примирјето не може да биде едностарно. Мора да биде билатерално, Ерменија не нападна на 27 септември. Ерменија треба да ги повлече своите сили од окупираните територии, а сето тоа да биде одобрено од групата од Минск, изјави Илхам Алиев, претседател на Азербејџан
-Азербејџан функционира по инструкции на Турција, која регрутира терористи во зоната на конфликтот. Ерменците во Нагорно Карабах се под егзисетенционална закана, гранатирани и ракетирани. Меѓународната заедница мора да биде решителна, изјави Никол Пашинијан, премиер на Ерменија
Што во суштина се крие зад конфликтот е тешко да се процени, освен дека во игра влегуваат и големите сили. Засега Турција е најгласна и јасно порача дека ако треба за братски Азербејџан ќе интервенира и на бојното поле. Воено надмоќен, тоа го прави Баку се посамоуверен на теренот, иако во спорниот регион живеат 80 проценти Ерменци. Според анализите, Анкара гледа и плодна почва да стане уште понезависна од рускиот гас.
-Турција гледа можност да ја зголеми својата улога во Нагорно Карабах, кој се уште е под меѓународен механизам, од кој Анкара е искучена. Турција e култоролошки блиска со Азербејџан, па секако се обидува да го зголеми своето влијание како што тоа го правеше на пример во конфликтот во Сирија, вели Роберт Персон, аналитичар од Франција
Конфликтот засега минува со млака реакција на Меѓународната заедница. Брисел е на страна, а отсуствува и посилна реакција на Москва, која и покрај традицоинално подобрите односи со Ереван, се обидува да ги одржи односите со двете екс советски републики. Оттука, најголеми се очекувањата од Минск групата, во која претседаваат Франција, САД и Русија, кои се состануваа вечерва во Женева. Ова тело веќе 30 години се обидува да најде решение за Нагорно Карабах, кој формално правно му припаѓа на Азербејџан, но е со мнозинство Ерменци, кои инсистираат на правото на самоопределување.