МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Кој е на листата „привилегирани“ иселеници кои имаат „М-Карта“?

69-те истакнати Македонци од дијаспората на кои од 1 јануари им е обезбеден забрзан влез во Македонија остануваат непознати. Македонското МНР не открива кои се заслужните македонски државјани што на брза лената на аеродромите ќе можат да ја поминат процедурата за влез и ќе добијат бесплатен влез во кутурни институции. Непознато останува и по кои критериуми се одбрани личностите и какви заслуги за Македонија имаат направено. Од МНР за Сител велат дека одлуката кој ќе добие ваква карта ја носи Министерот, на предлог на шеф на дипломатско-конзуларно претставништво на Македонија во странство или друг државен орган.

За министерот Османи пак М-карта било симболично признание за нивниот труд и квалитет и благодарност на нашите институции и држава.

Проектот МКарта претставува мрежа на наши квалитетни поединци во дијаспората, кои со својата стручност и нагласен ангажман се истакнуваат во странство, што ги чини вистински амбасадори кои на најдобар можен начин ја претставуваат Македонија.

Поранешниот амбасадот Ивица Боцевски во изјава за Сител вели дека Османи треба да ја преиспита одлуката за ваквиот проект бидејќи М-картата не е привилегија туку понижување на се она што го направиле досега. Иселениците од дијаспората кои што придонеле за Македонија треба да се наградат со орден, плакета или друг тип на признание, а не со привилегиран влез во државата.

Процесот на детектирање на истакнати лица од дијаспората продолжува и нема дефиниран број колку би се издале. Досега, во соработка со Министерството за култура и Министерството за внатрешни работи, договорени се две поволности – забрзан влез во државата и бесплатен влез во музеи, театри и сл.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial