МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Костовски: Ја ликвидираше Еуростандард банка за да сокрие грабеж, сега Народна банка го контролира стечајот

Замислете, во Одборот на доверители при стечајот на Еуростандард банка е влезена и Народна банка. Прашувам – што бара Народна банка да биде во Одборот на доверители? Одговорот е еден, нема други причини, освен да се контролира севкупниот тек на стечајот во банката, вели Трифун Костовски, еден од сопствениците на Еуростандард банка во своја колумна за Либертас.

Зборувајќи за актуелните случувања во земјава Костовски вели дека по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарскиот медиум премиерот треба да си даде оставка, сепак Костовски доминантно се посветува на прашањето за банката во стечај. Вели дека Народна банка не применила процедури кои морала да ги примени со цел само да ја  ликвидира банката. 

„А причина? Нема друга причина, таа е јасна, а тоа е да не се откријат крајните корисници на 100-те милиони евра украдени пари. Замислете, во Одборот на доверители при стечајот на Еуростандард банка е влезена и Народна банка. Прашувам – што бара Народна банка да биде во Одборот на доверители? Почитувани, одговорот е еден, нема други причини, освен да се контролира севкупниот тек на стечајот во банката. Доказ за оваа моја констатација е фактот што извештајот изготвен од стечајниот управител,  Душко Тодевски е копија на истиот од Народна банка што го пласираше во времето кога ја однесе банката во стечај. Народна банка не сака да остави ништо на случајот и во дадениот момент се јавува како тотален егзекутор на Еуростандард банка, вели Костовски.

Костовски, како што вели, ги поддржува физичките и правните лица оштетени од стечајот на Еуростандард банка во нивното барање за изземање на Фондот за исплата на штедни влогови од стечајната маса на банката.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial