МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Конте доби мандат за формирање нова влада

Џузепе Конте, премиерот во заминување од претседателот на државата Серџо Матарела доби мандат за формирање нова влада.

Конте ќе се обиде да формира нова влада со членката на досегашното владејачко мнозинство, движењето Пет Ѕвезди и опозициската Демократска партија.

Демократската партија во средата соопшти дека е подготвена да формира коалиција со движењето Пет Ѕвезди, со што години на непријателство ќе се стават „на страна“ за да се избегнат предвремени избори и да се ублажи економската неизвесност.

По повеќедневни тешки преговори, лидерот на Демократската партија Никола Зингарети на Матарела му кажал дека неговата партија ќе го прифати кандидатот за премиер од движењето Пет Ѕвезди, досегашниот претседател на влада Конте.

„Ја сакаме Италија и мислиме дека вреди да се обидеме да го пробаме ова ново искуство“, рече Зингарети пред новинарите.

Претходната коалиција составена од Пет Ѕвезди и екстремно десничарската Лига се распадна на почетокот на овој месец кога лидерот на Лига, Матео Салвини се повлече од неа, со надеж дека ќе предизвика распишување на предвремени избори.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial