Нова страница за информации

Констатирана оставката на Заев, течат роковите за нов мандатар

Констатирана е оставката на премиерот Зоран Заев и Владата. Опозицијата одлуката ја поздрави со аплауз.

Оставката беше констатирана на седницата за пратенички прашања, која не продолжи. Според спикерот на Собранието, Владата во оставка не може да одговара на пратенички прашања. Џафери објасни дека на Владата во оставка ѝ завршува мандатот, но останува на функција до изборот на нова.

„Владата на која ѝ престанува мандатот како резултат на оставка на премиерот, согласно член 93 од Уставот е должна да продолжи да ја врши својата должност до изборот на новата Влада.“

Опозицијата го обвини Џафери за кршење на Уставот. Според ВМРО-ДПМНЕ, во минатиот мандат имало само осум седници за пратенички прашања.

Албанската опозиција бегањето на Заев од пратенички прашања го смета за бегство од соочување со оние кои го избрале за премиер.

„Оној кој секогаш се повикуваше на чистиот образ, денеска замина без да се соочи со оние кои го избраа таму, пратениците, односно избраните од народот.“

Од денеска почнуваат роковите за доделување на нов мандат. Тој ќе му биде врачен на кандидатот кој ќе обезбеди 61 потпис. Од СДСМ веќе тврдат дека мандатар ќе биде новоизбраниот лидер на партијата, Димитар Ковачевски. Засега не се знае кога ќе почне формалното собирање потписи. Откако претседателот ќе го даде мандатот, мандатарот ќе има рок од 20 дена во Собранието да предложи владина програма и состав на кабинетот. Новата веројатна влада на СДСМ, ДУИ и Алтернатива се очекува да биде изгласана кон средината на јануари.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial