МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Консензус за собраниските комисии

Комисијата за европски прашања, за здравство и за уставни прашања ќе ја раководи кадар на ДУИ, БЕСА ја добива културата, а Алијанса-Алтернатива – Анкетната комисија и Труд и социјала. Останатите 16 собраниски комисии се делат на еднакви делови меѓу коалициите предводени од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Со овој последен дел од договорот меѓу координаторите на пратеничките групи, се отвара можност уште утре да заседава Комисијата за избори и именувања, која ќе го утврди предлог-составот на 20 собраниски работни тела, а веќе наредната недела, консензусот да се покаже и на пленарна седница.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ потврдува дека ќе гласа за составот на комисиите. Овој договор го смета за значаен исчекор кој ќе овозможи Собранието да стане целосно функционално.

Од 21 работно тело, власта ќе има мнозинство во 20 комисии, а опозицијата само во Комисијата за надзор на следењето на комуникациите. Изборот на комисиите ќе овозможи Собранието да почне со работа 40-дена по верификацијата на мандатите.

На првата седница ќе треба итно да се озакони одложувањето на почетокот на школската година, како и економските мерки поврзани со здравствената криза. Во Собранието веќе се пристигнати одлуките на претседателот за прогласување вонредна состојба.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial