МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Ковид-19 однесе 98 животи во Њујорк за помалку од седум часа

Речиси  100 нови жители на Њујорк починале од новиот коронавирус Ковид-19 во неделата, со што црниот биланс во градот се зголеми на 776, пренесува „Њујорк пост“.

Од 9:30 до 16:15 часот во неделата, бројот на починати од Ковид-19 во Њујорк се зголеми за уште 98, а бројот на заразени за нови 1.166 случаи, што значи дека во градот во моментот се заразени 33.474 лица.

Во тој временски период, Квинс остана најтешко погодената област со 10.737 случаи. Бруклин има втора најголема стапка со 8.887 случаи, а потоа следуваат Бронкс со 6.250, Менхетен со 5.582 и Статен Ајленд со 1.984.

Градоначалникот Де Бласио претходно во неделата предупреди дека градот ќе биде во хаос поради вирусот уште некое време.

„Ќе поминеме низ навистина тешко, тешко искушение“, рече Де Бласио на брифингот за медиуми. „Април ќе биде полош од март и се плашам дека мај дури може да биде и полош од април. Со недели ќе бидеме во овој хаос“, рече тој.

Гувернерот Куомо во неделата го продолжи задолжителното затворање на деловните активности најмалку до 15 април за да се справи со пандемијата. Неколку часа подоцна, претседателот Трамп ги продолжи сојузните упатства за социјално дистанцирање до 30 април.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial