МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Ковачевски повика да се расчисти случајот со нелиценцираната фирма за лифтови

Политичката волја е клучна во борбата со корупција порача премиерот Ковачевски. Вели дека за постигнување на оваа цел ќе се вложи и лични по сите поминати  обуки и научени легислативи поврзани со оваа тематика. Македонија е на добар пат за искоренување на корупцијата, но има уште многу работа.

  Дали сме блиску, не многу сме далеку. Пред нас имаме многу работа, а таа работа зависи од посветеноста прво на сите одговорни политички ресори во државата и во одговорноста на сите професионални – функционални ресори во државата. Тоа не е еднократен акт на дејство, тоа е воспоставување систем каде луѓе со високи етички и морални вредности ќе бидат дел од раководење со сите институции, рече Ковачевски.

Токму борбата против корупцијата е утврдена на врвот од стратешките приоритети во Стратешкиот план на Министерството за внатрешни работи 2021-2023. Според ваквата програма, обврска на сите вработени е при извршување на работните задачи да постапуваат согласно правилата, прописите и професионалните стандарди кои се применуваат во Министерството и полицијата, рече минисерот Спасовски.

Во рамки на тркалезната маса Пат до успех во борбата против корупцијата, првата антикорупционерка повика да поголема ажурност на државните институции во спроведување на нивните препораки. Анализите на ДКСК покажуваат реализација од само 30 проценти. 

Ризиците кои можат да произлезат од судирот на интереси претходно беа потценети и останаа во сенка на ризиците поврзани со корупција, но сепак ГРЕКО во последните извештаи им обрнува особено големо внимание и не потсетува дека постоењето на судир на интереси е ситуацијата што често се случува и претставува терен што води кон корупција“, рече Ивановска.

И Транспаренси интернешнл во најновиот извештај препозна подобрување во борбата со корупцијата. Макеоднија беше рангирана на 87 место, што е скок за 24 места во однос на 2020-та.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial