МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Катица Јанева ќе продолжи притворот да го издржува во својот дом во Гевгелија

Таму во семејниот дом ќе остане во куќен притвор до правосилност на пресудата за случајот Рекет за кој доби 7 години затвор. Апелациониот суд не ја пушти на слобода како што бараа нејзините адвокати, но не го прифати ниту барањето на обвинителката Вилма Русковска, Јанева да биде вратена во Шутка во притвор поради опасност од бегство поради високо изречената казна.

Екс шефицата на згаснатото СЈО денеска не беше спроведена во судница каде требаше да се најде на спротивна страна од Боки 13 кој по операцијата на желудникот минатата недела останува на болничко лекување во Градската болница. Јанева го тужи Боки 13 за неовластено снимање. Станува збор за фотографии пронајдени во мобилниот телефон на Боки 13 кои беа презентирани како докази на судењето за Рекет а на кои се гледа Јанева меѓу кои и како седи во нејзиниот дом во Скопје а на масичка пред неа има снопче со пари.

Додека се чека Апелација да закаже седница по жалбите за случајот Рекет, следно рочиште по тужбата на Јанева против Боки 13, судијката Фанка Јанчулева Михаиловска закажа за 19 октомври, чие одржување ќе зависи од здравствената состојба на Боки 13.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial