Нова страница за информации

Капиталните инвестиции сѐ уште „на шкрги“, сепак подобри од лани

За првите четири месеци од годинава реализацијата на капиталните инвестиции е помалку од една петтина од предвиденото за 2021 година. Но, тоа не го загрижува министерот за финансии Фатмир Бесими. Напротив, вели дека е задоволен затоа што на крајот од април е забележана реализација од 19,5 отсто. Лани во истиот период капиталните инвестиции биле за 50 отсто пониски. Министерот соопшти дека останатите средства на институциите кои имаат помала реализација од 15 отсто во првото тромесечие ќе им бидат замрзнати или пак повлечени. Нив ќе ги добијат други државни органи кои работат поефикасно и кои и во следните три месеци би покажале позитивен тренд.

Секој буџетски корисник знае дека се резервирани средствата ако се под таргетот од 15 отсто за првиот квартал, вториот 40 и третиот 65 отсто од вкупни планираните во текот на годината. Министерствата ги имаат тие средства, но во посебна ставка се резервирани и тоа помага на ниво на целиот буџет така што од тие што помалку реализирале, ќе се реалоцираат средствата таму каде има побрза реализација“, рече Фатмир Бесими, министер за финансии.

Според официјалните податоци, во првите три месеци од 2020 парите за капитални инвестиции не ги чепнале десетина државни институции, а поголем број имаа реализација пониска од 15 отсто од предвиденото. Планот на власта е годинава за изградба на патишта, училишта, градинки, болници, канализации, водоводи и останати проекти кои се од витална потреба за граѓаните да потроши 373 милиони евра. Во 2019-та вкупната реализација на капиталните инвестиции изнесуваше 78 отсто, а лани 82.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial