Камен темелник за фабрика
Почна изградбата на фабриката на германската БМЗ. Компанијата, која произведува литиумски батерии, ќе инвестира 65 милиони евра и ќе вработи до 1.000 лица.
Во моментов БМЗ работат како браунфилд инвестиција, во изнајмени простории, со 5 линии и 110 вработени. Очекуваат после мај, кога ќе биде готова фабриката да донесат 40 производствени линии.
Ние работевме со 110 вработени и досега , но како „браунфилд“ во фабриката на Раде Кончар во сектори со пет линии. Сега ќе градиме нова и модерна фабрика, планираме 40 производни линии да донесеме, а вкупниот број на работници да биде помеѓу 700 и 1.000. Извозот ќе биде наменет најмногу за Германија и Полска, изјави Јелица Ивановска, директор на БМЗ во Мк.
Плановите на БМЗ се во првите 3 години да извезуваат над 35 милиони евра годишно, со можност извозот да достигне до 130 милиони.
Премиерот Мицкоски му заблагодари на поранешениот вицепремиер Битиќи кој ја донел инвестицијата и најави влез на нови компании, со кои интензивно се преговара.
„Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти. Еве вчера поранешниот потпретседател на Владата и одговорен за економски прашања, Фатмир Битиќи кажа тој е тој којшто ја донел, па еве јас од мое име да му се заблагодарам затоа што процесот го водел до каде што го водел, жалам што не успеал да го заврши до крај. Претпоставувам не успеал да ги убеди граѓаните како што еве ги убедувал неговите сопартијци на осми мај, па доживеа дебакл каков што доживеа, па оваа Влада мораше сега заедно со инвеститорот го заврши овој процес. Очекувам уште многу вакви инвестиции во периодот којшто следи, изјави премиерот Христијан Мицкоски
СДСМ преку соопштение велат дека Мицкоски конечно признал дека сите инвестиции се донесени од СДСМ. Битиќи пак му порача – Мoжевте да не викнете на дружба. Екс директорот на ТИРЗ, Депотовски, го осуди партиското боење на инвестициите.
Добро е што новата Влада го продолжува она што го започнавме, бидејќи овие проекти не се ни мои, ни ваши, ни наши туку единствено на сите граѓани на Македонија, наведува во соопштението Деспотовски.