МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Исплатени над 98 милиони денари субвенции за сите регистрирани земјоделци

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 4.207 субјекти исплати околу  98,3 милиони денари за мерката Дополнителна помош од 20% на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување. 

Право за користење на овие средства имаат сите земјоделски стопанства кои се регистрирани земјоделци и кои земале субвенции по основните мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година. Овие корисници ќе добијат 20 % повисоки субвенции на вкупната исплатена сума по основни субвенции од 2017 година. 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како што најавуваат оттаму, и во наредниот период продолжува со неселективната исплата на средствата за субвенции. Средствата за субвенции, без селекција за сите кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка се исплаќаат во еден ден. 

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial