МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Има ли кривично дело, закана по живот во аудио – снимките и дали во нив е гласот на Камчев?

Кој ги објави аудио снимките на „Јутуб “ – дали тоа е гласот на бизнисменот Орце Камчев и со кого разговара?! Обвинителството во нов предмет истражува дали евентуално има кривично дело закана по живот или загрозување на општа сигурност во разговорите кои во саботата осамнаа на „Јутуб каналот“ потпишани од објавувачот  „Големото уво“ со  наслов  „Нахранете ја демократијата“. Гласот за кој јавноста претпоставува дека е на бизнисменот Орце Камчев, сведок во „Рекет“ и обвинет во случајот „Империја“  бара спогодба со браќата Заеви, и вели дека во спротивно ќе крвават сите. Обвинителот Јовески во телефонски разговор за „Телма“ вели предметот е кај обвинител и од доказите зависи  дали ќе заврши со пријави.

„Јавното обвинителство во врска со новообјавените аудио снимки на социјалните мрежи отвори предмет. Надлежен јавен обвинител во постапката ќе утврдува кој ја објавил содржината, идентитетот на лицата кои ја објавиле содржината на овие разговори и ги поставиле на социјалните мрежи, потоа идентитетот на лицата кои што разговараат и содржината на разговорите“.- вели Јовески.

Доказите кои ќе ги собере обвинителството ќе покажат и дали евентулано лицата од разговорите ќе  бидат повикани да дадат исказ кај обвинител.

„Обвинителството ја отвори оваа постапка за да утврди дали токму во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело. Зависно од доказите и сознанијата до кои ќе се дојде во постапката, соодветно ќе се постапи. Се разбира доколку има потреба ќе се повикаат и лицата, но  мислам во овој момент е прерано да се говори за конкретни лица.“ – вели Јовески.

Шпекулациите се дека Камчев е сниман, а тој разговоара со партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Правниот тим пак на Камчев се сомнева дека новите „бомби“ се сечени и монтирани. Но, што ќе преземат ќе кажат откако ќе се консултираат со него.

Утре продолжува судењето за случајот „Рекет“  во кое Камчев е сведок. Ден пред да осамнат разговорите на Јутуб, во петокот тој сведочеше дека е жртва на рекет и се бори за правда во земјава. Утре како клучен сведок за “Рекет“ треба да се појави и неговата сопруга Ана Камчева, која во петокот не сведочеше поради болест. Русковска утре повикала и двајца нови сведоци со кои ќе ја докажува вината на Екс специјалната обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial