Илон Маск вели дека сè уште е самец и дека по раскинувањето живее во “технолошки манастир”
Живее во близина на објектот на “SpaceX” во Тексас, кој го опишал како “технолошки министер”.
Илон Маск и Грајмс и натаму се разделени и ги продолжуваат своите кариери, рекол Маск во интервју за “Time”. Милијардерот рекол дека е самец и дека повеќе од времето минува во Бока Чика во Тексас, во близина на лансираната станица на “SpaceX”, “Starbase”.
“Ова место во основа е како технолошки манастир, знаете. Тука има неколку жени, но не многу. И оддалечено е од остатокот од светот”, рекол познатиот милијардер.
Милијардерот разговарал за своето раскинување со пејачката Грајмс во неодамнешното интервју за “Time” за нивното годишно издание за “Личност на годината”.
Маск објаснил дека тој и Грајмс одлучиле да се раздвојат по три години забавување. Рекол дека и натаму се сакаат и дека се во одлични односи, бидејќи ги поврзува нивниот син X Æ A-Xii.
Маск во декември минатата година потврдил дека се преселил во Тексас по повеќемесечни несогласувања со државата Калифорнија околу карантинот поради пандемијата. Го продал својот имот вреден 100 милиони долари во Калифорнија откако се обврзал “да не поседува куќа” и рекол дека изнајмува мала монтажна куќа од 50.000 долари, пишува “Business Insider”.
Грајмс од друга страна е зафатена со својата музика. Во својата нова песна “Player of Games”, текстот очигледно алудира на нејзиниот однос со Маск.