МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Изетбеговиќ: Додик прави се за БиХ да пропадне

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ изјави дека не гледа бошњачки унитаризам во БиХ и го обвини српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик дека прави се за БиХ да стане неуспешна приказна.

„Тој ја навредува БиХ цело време. Ги навредува Бошњаците, понекогаш и Хрватите, ги навредува претставниците на меѓународната заедница. Тој прави се за Босна да стане неуспешна приказна, но далеку понеуспешниот дел од таа приказна е Република Српска“, изјави Изетебговиќ за ХТВ. , испровоциран од изјавата на Додик во која тој ја нарекува БиХ малигно болна“.

Изетбеговиќ го обвини лидерот  на босанските Срби Додик дека сака да ги врати реформите 20 години наназад. и да ​​создаде држава во држава. Повторно да се формира државата Република Српска во рамките на државата БиХ. Практично сака укинување на федералниогт суд врз кој нема влијание и поставување на суд во Бања Лука врз кого ќе може да влијае во судските одлуки.
Додик сака да ја укине правдата на ниво на државата БиХ „бидејќи со причина се плаши од таа правда“. рече лидерот на СДА.
Во однос на хрватскиот ентите во Босна и херцеговина, Изетбеговиќ смета дека Хрватите како најмалоброен ентитет „се чувствуваат најопуштено“ во БиХ, бидејќи од 300 важни позиции во федерацијата имаат 46 позиции што е повеќе од бројот на фунцкиите кои се предвидени по Уставот“.
Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial