Заев ќе ги почека фактите од истрагата па ќе одлучува за оставките
Одлуката, дали ќе ја прифати оставката на министерот Филипче, премиерот ќе ја соопшти идната недела. Тврди дека ќе биде базирана на фактите од истрагата.
„ИМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА ИСТРАГАТА СЕ СПРОВЕДУВА СО ВИСОКА ДИНАМИКА И ДЕКА ИСТАТА Е ОБЕЗБЕДЕНА СО НАЈВИСОКО НИВО НА СТРУЧНОСТ И ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, МОЈАТА ПРОЦЕНКА И ОДЛУКА ПО ОДНОС НА ПОДНЕСЕНИТЕ ОСТАВКИ ЌЕ ЈА БАЗИРАМ ИСКЛУЧИВО НА ФАКТИТЕ КОИ ГИ ДОБИВАМ ОД ИСТРАГАТА, ОДНОСНО ИСКЛУЧИВО СОГЛАСНО УТВРДЕНИТЕ ПРИЧИНИ ЗА ИЗБУВНУВАЊЕ НА ПОЖАРОТ. ОЧЕКУВАМ ТОА ДА СЕ СЛУЧИ БРЗО ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД, ЗА ШТО УШТЕ ЕДНАШ АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА БРЗА И ТЕМЕЛНА ИСТРАГА.ОДГОВОРНОСТ ИМА И ЌЕ ИМА, ЈАСНО УТВРДЕНА ВРЗ ОСНОВА НА НЕПОБИТНИ ФОРЕНЗИЧКИ ФАКТИ, А НЕ ВРЗ ОСНОВА НА ПОЛИТИЧКИ ПРЕСМЕТКИ„.
Заев пишува и дека, деновиве не се појавува во јавност за „на ниту еден начин да не се влијае врз темпото и квалитетот на истрагата која темелно, професионално и брзо треба да ги утврди до детаљ причините за избувнувањето на смртоносниот пожар„. Се заблагодари до Германија која испрати форензичари од германската Федерална криминалистика, кои треба да придонесат кон стручноста и кредибилноста на истрагата. Упатува благодарност и до „сите кои спасија човечки животи и обезбедија сериозни информации и анализи при истрагата„.
Во меѓувреме, доби писмо и од директорите на Јавните здравствени установи, кои од него бараат да не ја прифаќа понудената оставка на министерот Филипче. Како една од причините ја наведуваат ковид кризата во која во моментов 1.112 пациени се со тешки симтоми, околу 30 пациенти се на респиратор, а близу 700 се на кислородна маска.
„ТРИЕСЕТИНА ПАЦИЕНТИ ДЕНЕС СЕ БОРАТ ДА ПРЕЖИВЕАТ. СЕ ЛЕКУВААТ ВО СИСТЕМ КОЈ ГО ПОСТАВИ И СЕКОЈДНЕВНО ГО МЕНАЏИРА ЗАЕДНО СО СИТЕ НАС Д-Р ВЕНКО ФИЛИПЧЕ. ТОЈ Е ВСУШНОСТ СТОЛБОТ НА ОВОЈ СИСТЕМ, СИСТЕМ КОЈ ДОКАЖА ДЕКА СПАСУВА ЖИВОТИ. БЛАГОДАРЕНИЕ НА ТОЈ СИСТЕМ УСПЕАВМЕ ДА ГИ ЛЕКУВАМЕ КОВИД БОЛНИТЕ, НО ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА ГИ ЗГРИЖИМЕ СИТЕ ОСТАНАТИ ПАЦИЕНТИ СО ДРУГИ БОЛЕСТИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА. УМОРНИ, ИСТРОШЕНИ ПОНЕКОГАШ И ДЕМОРАЛИЗРАНИ, СООЧЕНИ НЕРЕТКО СО ГНЕВОТ НА ЈАВНОСТА. ПОЧИТУВАН ПРЕМИЕР, НЕ ЈА ПРИФАЌАЈТЕ ОСТАВКАТА НА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ, САМО СФАТЕТЕ ЈА КАКО ДЛАБОКО МОРАЛЕН ЧИН НА ЧОВЕК КОЈ ДЕМОНСТРИРА ВИСОК СТЕПЕН НА ЕТИКА, МОРАЛ, ЕМПАТИЈА И АЛТРУИЗАМ. НЕМА ОСТАВКА ЗА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ!„.
Ова писмо, како и поддршката за Филипче на социјалните мрежи за ВМРО ДПМНЕ е театар на СДСМ.
Во текот на вчерашниот ден се случија четири оставки, откако во пожарот во Тетово во средата вечер, загинаа 14 лица. Прв беше директорот на тетовската болница, Флорим Бесими, па економскиот директор на болницата, Артан Етеми.Потоа на ист чекор се реши и заменик министерот за здравство Илир Хасани, за на крај оставка да понуди и министерот Венко Филипче.