Нова страница за информации

Заев не прифаќа предвремени избори, објаснува дека ја кочат државата

Нема да има предвремени избори. Ова е одговорот кој денеска го доби лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски од премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, откако тој пред неколку дена побара одржување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори во октомври.

„МИСЛАМ ДЕКА ОВА ПРАШАЊЕ Е АПСОЛВИРАНО ВО ЈАВНОСТА, НО МОЈА ДОЛЖНОСТ Е ДА ДАДАМ ОДГОВОР И ДА ГО ПОВТОРАМ ТОА ШТО НАШИОТ НАРОД ГО ЗНАЕ И ГО ОЧЕКУВА. КОНЕЧНО ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕМЕ СО ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ“, РЕЧЕ ЗАЕВ.

ОД ВМРО-ДПМНЕ пак експресно му возвратија дека четири години е преголем период за неговата влада да ја води државата.

„ЧЕТИРИ ГОДИШЕН ПЕРИОД СО НАЈКРИМИНАЛНАТА, НАЈКОРУМПИРАНАТА, НАЈКОРУМПИРАНИОТ РЕЖИМ ПРЕДВОДЕН ОД ЗОРАН ЗАЕВ Е ПРЕГОЛЕМ ПЕРИОД ЗА ДА СЕ ОСТАВИ ТАКВА КАТАСТРОФА ЗА МАКЕДОНИЈА“

Заев барањето за предвремни избори претходно го отфрли со став дека со нив се стопираат економските процеси во земјата, додавајќи дека државата има јасен правец по кој се движи и оти европеизацијата на земјата продолжува.

„СЕКОЕ ПРЕДВРЕМЕНО ИСТРЧУВАЊЕ НА ИЗБОРИ ЗНАЧИ КОЧЕЊЕ НА ВАКВИТЕ ПРОЦЕСИ. ЗАТОА РЕДОВНИТЕ ИЗБОРИ СЕ ВО 2024 ГОДИНА И ТРЕБА ДА ОПСТОИМЕ НА ТОА, ДОТОГАШ ТРЕБА СИТЕ, АМА БУКВАЛНО СИТЕ, ПОЧНУВАЈЌИ ОД МЕНЕ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА ИЗВРШНАТА ВЛАСТ, ОПШТИНИТЕ, НО И СИТЕ НАШИ ГРАЃАНИ, ДА ГИ ЗАСУКАМЕ РАКАВИТЕ И ДА РАБОТИМЕ“, РЕЧЕ ЗАЕВ.

Барањето за предвремени избори стигна во четвртокот од Мицкоски со аргумент дека земјава има потребата од стабилно владино мнозинство да ја води државата, што денеска беше повторено и од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ на Заев му недостигаат седум пратеници кои не гласале за Димитров.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial