МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ЗАЕВ: НАШЕ ИЗБОРНО ВЕТУВАЊЕ Е ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ ќе даде поддршка на предлогот на помалите политички партии за избор на пратеници во една изборна единица, што, како што нагласи е и нивно изборно ветување, бидејќи тоа, според него, значи унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии за рамноправност.

– Ние сме за една изборна единица. Уште еднаш напоменувам тоа е унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии, особено, посебно што во државата покрај помали политички партии, имаме и политички партии со етнички признак. Така што тоа дава поголема шанса за поголема застапеност во самиот Парламент, рече Заев.

Со ова, нагласи тој, губат СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, а во мал дел и ДУИ, како поголеми партии, веројатно и Алијансата за Албанците, но добива државата и демократијата.  

– Но, исто така, даваме и поддршка на консензуално носење Изборен законик, затоа што не сакаме да бидеме први што ќе прекршат правило и по пат на надгласување да се наметне врз опозиција или врз која било партија и да се надгласа за Изборниот законик. Традиција во нашата земја е дека секогаш се прават напори заради рамноправно учество на сите во изборен процес, Изборниот законик да се носи по пат на консензус, рече премиерот Заев. 

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial