Заев до опозицијата: Правиме сѐ за да бидете спокојни за пописот
Јас не знам како ќе дадат отпечаток од прст граѓаните што се иселени по една година, ама правиме напори, ако треба, да се снајдеме и за терминали за отпечатоци, изјави премиерот
Се прават напори предлозите на опозицијата што се однесуваат на законот за попис да бидат прифатени, изјави денеска премиерот Зоран Заев и посочи дека опозициските партии во овој процес биле вклучени повеќе од една и пол година.
„Имаше работни групи, и од власта и од опозицијата, директорот на Државниот завод за статистика одржа неколку состаноци“,
Тој појасни дека има три категории попишување – едниот дел се вкупно сите граѓани, вториот дел се граѓани резиденти, односно сите граѓани што живеат во земјата и третата група се граѓани што се иселени на подолг период од една година. Тоа, според него, ја прави беспредметна и ирационална дебатата за етничка припадност или колкави се процентите и слично.
„Опозицијата даде нов предлог, да користиме отпечаток од прст. Јас не знам како ќе го користат отпечатокот граѓаните што се иселени по една година. Правиме напори. Министерот за правда веднаш стапи во контакт со донатори да видиме дали може да обезбедиме донации, имаме амбасади кои располагаат со преку 20 милиони евра поддршка за изборите во државата, па замолуваме да одвојат пет милиони евра, па да купиме пет илјади терминали за отпечатоци кои ги користиме за изборите, ама еве ќе помогнат и за пописот“,