МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Заев: Градиме систем кој ги поттикнува успешните компании

Владата гради клима за деловен амбиент, вели премиерот Заев кој најавува дека продолжуваат и капиталните проекти во земјата.. 

Градиме систем кој ги поттикнува успешните компании и создаваме клима за подобар деловен амбиент, порача премиерот Заев денеска од Гевгелија, каде беше на отворањето на нов погон на компанијата за производство на цевки за гасоводни и водоводни системи. Владата преку законот за финансиска поддршка на инвестициите учествува со 10 проценти од целата инвестиција, вредна 5 милиони евра, изјави Заев.

Задоволство е да се види кога компаниите и во криза гледаат можност да инвестираат, вработуваат и освојуваат нови пазари. „Конти хидропласт“ го задржа истиот број на вработени-185 лица, а дополнително постои потреба за нови вработувања, секако и од стручна квалификувана работна сила. 2-18

Премиерот најави дека владата ќе продолжи со поддршка на дуалното образование со кое ќе се креира кадар што соодвествува со потребата на компаниите, а изјави дека продолжуваат и капиталните инвестиции.

Гасификацијата стартува со 54 милиони евра на интерконекторот кој продолжува низ нашата Гевгелија, Неготино до грчката граница. Веруваме дека напролет ќе стартуваат изградбите на секундарните и терцијалните гасоводни мрежи во сите поголеми градови. Секако ТАВ програмата е 50 милиони евра каде што 80 % се водоводи и канализации ширум државата

Заев информираше дека е постигнат и договор со европската инвестициона банка каде што преку кредитни линии ќе се обезбедат 100 милиони евра за водоводи, канализации и пречистителни станици.

Премиерот исто така информираше дека стратегијата за производство на тутун 2021-2027 година е усвоена на владина седница и истата предвидува државна помош на земјоделските стопанства кои се занимаваат со тутунско производство.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial