МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ЗАЕВ, ВУЧИЌ, РАМА: НЕУСПЕХОТ НА ЕУ ДА ГИ ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО Е ПРОТИВ ЕВРОПСКАТА ИДЕЈА

Отворен Балкан – нова ера на соработка и резултат на долгото седење во чекалницата на ЕУ. Триото лидери – Заев, Рама и Вучиќ денеска испратија пораки дека ја превземаат работата во свои раце, затоа што, како што кажаа, не можат повеќе да чекаат решенија на сите проблеми во Унијата, за Западен Балкан да стане дел од европското семејство. 

Премиерот Заев денеска повтори дека паралелено ќе преговара и со официјална Софија за да го тргне ветото од Македонија, а ја покани и Бугарија да се приклучи на Отворен Балкан. 

– Остануваме отворени за секој што сака да се приклучи на оваа иницијатива. По отворено од Open – здравје. Посакувам Бугарија навистина да направи влада. Тоа е добро и за Бугарија и за бугарскиот народ, секако и за регионот. Добро е и за С Македонија. Штом ќе се направи влада, ние рековме продолжуваме да разговараме сè додека најдеме решение. И како што ние и нашите граѓани сега одат со лични карти низ нашите граници, каде што ги разменивме ресурсите за справување со катастрофи, па ќе можат и тие да се приклучат доколку сакаат. Затоа што ова е Балкан. Иако се земја членка на ЕУ, зошто не. – изјави Заев.

За Вучиќ иницијативата Отворен Балкан е испишување на историја. Порача дека не може може да лчека некој да се смилува на регионот. 

– Ние секако сме сите на европскиот пат но, меѓутоа не сме ниту глупави ниту наивни да веруваме дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку ние тоа самите не го правиме. Затоа е особено важно за сите нас, за луѓето во нашите земји да им покажеме како во абанија така и во Северна Македонија така и во Србија, дека сме способни самите да одлучуваме. – зјави Вучиќ,

Според Рама, нема повеќе луксуз за губење време , затоа Македонија, Албанија и Србија создаваат нов простор кој ќе се води според принципите, вредностите и механизмите на ЕУ, додека секоја од земјите во исто време прави напори за членство во Европската Унијата. 

– Кој и да каже дека оваа иницијатива е проектирана во бившо-југословенските подруми за да се основа повторно екс Југославија и да и се даде повторно хегемонија на Србија, бидејки таа е најмоќна, па ќе ни одземе Се, тогаш тој живее во некој паралелен свет. – изјави Рама.

Рама порача и дека, ако ЕУ е голема Југославија, тогаш ова е што го прават со Заев и Вучиќ е мала Југославија

Триото лидери денеска ги повикаа и останатите земји од Западен Балкан да се приклучат на иницијативата, ако сакаат.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial