МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Заболениот од Кичево вчера се вратил од странство и е во изолација

Прв случај на заболен со ковид-19 во Кичево е потврден од Министерството за здравство во дневната статистика за последниве 24 часа.

Кичево досега беше едно од ретките места во земјава кадешто немаше дијагностициран случај со коронавирус. Ова делумно и засега останува така, бидејќи заболениот, за кој се потврди дека е позитивен, неколку месеци не бил присутен во градот.

Од Кризниот штаб во Кичево за „360 Степени“ ја потврдија оваа информација и велат дека лицето е на возраст од околу триесетина години и е со лична карта и место на живење во Кичево, меѓутоа неколку месеци не бил во градот.

„Станува збор за момче кое што работело на брод во една од европските држави и вчера се вратило во земјава, преку протоколите за враќање на нашите државјани дома. Како што налагаат правилата, тој бил сместен во задолжителен државен карантин, распределен во хотел во Скопје и сè уште е изолиран. Тој вечра се пожалил на тегоби и кашлица, а резултатот, од направениот тест за присуство на коронавирусот, бил позитивен“,

Здравствената состојба на заболениот со корнавирус засега е стабилна.

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, апелира до жителите да не се крева паника и дека институциите го даваат максимумот во борбата против коронавирусот.

„Нема простор за паника. Ние сме постојано во комуникација со сите матични лекари, со Центарот за јавно здравје и до овој момент нема индиции за нови случаи. Момчето за кое е потврдено дека е позитивно на ковид-19 е наш сограѓанин, меѓутоа, подолг период не бил во градот. Ние продолжуваме со редовното дезинфицирање на улиците низ Кичево и ги преземаме сите останати активности во борбата против коронавирусот. Апелирам до жителите, и тие да се придржуваат до зададените насоки и заедно да се спротивставиме кон оваа болест“,

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial