МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ЖКК „Бадел 1862“ ќе реализира проект „Растеме со кошарката“

ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода, како авангарда на женската кошарка во Северна Македонија ќе реализира проект „Растеме со кошарката“.

 „Целта на проектот е психосоцијална поддршка на кошаркарките во нашиот тим, во насока на раст и развој на индивидуата и тимот како група. Ние сме свесни дека психичкото и физичкото здравје се подеднакво значајни , така што поучени од светските трендови на големите спортски клубови, одлучивме да им овозможиме на нашите кошаркарки поддршка и од овој тип. Работилниците ќе ги опфатат нашите млади на возраст од 14 до 18 години. Во нашата држава нашиот клуб е прв со ваков проект“ – изјави Љупчо Павловски, тим менаџер на ЖКК „Бадел 1862“.

Проектот ќе се одвива преку програма за раст и развој во области на интерес на младата популација, дискусии и креативни работилници. Реализацијата на програмата  ќе ја овозможат психолозите  Андријана Павловска Темелковска и Сандра Крстиќ, под менторство на искусниот училишен психолог и психотерапевт Ана Попризова.

ЖКК „Бадел 1862“ оваа година од Општина Кисела Вода доби материјална поддршка. Локалната самоуправа на спортските клубови кои со своите програми придонесуваат за развој на спортот и за правилно насочување на младите, од почетокот на 2018 година, на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски им доделува финансиска помош.  

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial