МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Ефтимов: Економските мерки досега не се добро прифатени од бизнис секторот, многумина сограѓани останаа без работа

Дејанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека повеќе од извесно е дека после утрешната седница на Советот за безбедност ќе се искористи уставната можност и Претседателот вонредната состојба ќе ја продолжи за уште триесет дена

-УРЕДБИ СО ПАМЕТНА СИЛА
Повеќе од извесно е дека после утрешната седница на Советот за безбедност ќе се искористи уставната можност и Претседателот вонредната состојба ќе ја продолжи за уште триесет дена.
Моќната влада на Вонредна состојба во првите триесет дена работеше во интерес на владеачката структура.
Не само што не успеа да ја менаџира здравствената криза туку веќе извесно е дека поради слабото економско менаџирање ќе ја внесе државата во друга криза на што веќе предупредија и меѓународни институции.
Освен пофалби од органи подредени на министерот, ниту еден од здравствените работници не изразил задоволство од условите.
Напротив, донациите од граѓани и фирми станаа секојдневие.
Економските мерки досега не се добро прифатени од бизнис секторот. Многумина сограѓани останаа без работа.
А некој, им порача дека ако денеска го изгубат работното место – утре ќе најдат друго.
Не мачете се едноставно е: кризата ќе направи одредени бизниси да се преземат од страна на крупниот капитал.
За земјоделците пак, пролетта поминува без никаква помош. Чудно за политичари со потекло од земјоделски крај.
Но, затоа пак злоупотребите на вонредната состојба -надвор од нејзината тема, веќе пластично се пројавија во конкретни случаи. Тендерот за респираторите пропадна.
Со уредба со законска сила се изнајде решение за СЈО. Штетата од работењето на Катица Јанева треба да ја решаваме среде најтешката криза.
Во првиот драстичен случај на злоупотреба реагираше ВМРО- ДПМНЕ во улога на одговорна опозиција, а пак во вториот случај поднесена е претставка до Уставен суд.
Но, што би требало да се преземе во наредните триесет денови заради правната сигурност и владеење на правото.
Зошто да не користиме компаративно искуство при спроведување на законите како дел од Европски земји на пример Данска.
Во вонредната состојба ограничувањата на слободите и правата на граганите за жал одредени лица не ги почитуваат, што како и секое противправно дејство се казнува.
При спроведување на законот судовите морат да се водат како во случаи каде има предвидено квалифицирани кривични дела.
Со оглед на сериозноста на ситуацијата да се санкционираат построго сторителите на овие прекршувања.
Одредени европски земји како спомнатата Данска ги дуплираа и повеќекратно ги зголемија санкциите за кривичните дела за сторителите на кривични дела сторени за време на вонредна состојба, а поврзани со загрозување на безбедноста и здравјето на лугето.
Исто така донесоа закони за незастарување на овие кривични дела. Додека судовите, обвинителствата и истражните органи работат со предност за ваквите случаи.
Меѓутоа да не се заборави во својата удобна позиција и ,,моќната влада,,.
Строгите начини на спроведување на вонредната состојба со сите репресивни мерки кои стојат на располагање и се применуваат врз граѓаните (секако за целта на вонредната сотојба и заштита на граганите од пандемијата) мора да бидат применливи врз министри во владата, директори и сите носители на јавни функции односно извршители.
Да не случајно се иземаат од одговорноста со изговорот на ,,вонредна состојба,,
Напротив за истите да се применуват и изменат преку дуплирање и повеќекратно зголемување на санкциите и незастарување.
Во случај на прекршување и профитерство како местење јавни набавки, злоупотреба на службена положба и овластување, поткуп на гласачи и секое противправно дејствие од овој период да се применуват како такви.
Постојат сериозни индиции дека се случуваат злоупотреби инаку некои веќе објавени од страна на опозицијата, а некои пак го чекат реалното време.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial