МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ЕУ и Турција по изборите: останува напнато

Во Брисел не криеја дека посакуваат победа на опозицијата на изборите во Турција. Тоа не се оствари и сега треба реално да се гледа на иднината на односите. Таа секако не е розова.На први реакции од Брисел на повторната победа на Реџеп Таип Ердоган не требше долго да се чека: „Дојде вистински момент за нов почеток во односите меѓу Европската унија и Турција и тоа врз база на реалистичка проценка“, изјави претседателот на демохристијанската Европска народна партија, Манфред Вебер. Со други зборови: прекинување на пристапните преговори за членство на Турција во ЕУ (кои ионака со години се замрзнати) и свртување кон „стратешко партнерство“.

Вебер не е единствен кој по уште една победа на Ердоган се залага за поголема дистанца од официјална Анкара. Сепак, на ЕУ соработката со Турција ѝ е прекупотребна, и покрај бројните проблеми.

Сите проблеми на ЕУ со Турција

Европската комисија во Брисел критички гледа на сѐ поавториранотовладеење на турскиот претседател Ердоган. „Сериозната загриженсот поради ерозија на демократијата, владеење на правото, човековите права и независноста на правосудството, во Анкара не се зема за сериозно“, пишуваат надворешно политички функционери на ЕУ во својот извештај за Турција за 2022 година. Ситуацијата дополнително се заострува. „Сѐ поголема е загриженоста за функционирање на економската политика и пазарната економија“. Без оглед на тоа, во извештајот се наведува дека Турција останува стратешки партнер во областите миграција, заштита на климата и енергетската безбедност.

Турција, воено добро опремената членка на НАТО, игра важна улога како посредник во договорот за трговија со жито меѓу Русија и Украина.

Шефовите на држави или влади на ЕУ остро ги критикуваа заканувачките сигнали на Турција кон членките на ЕУ- Грција и Кипар. Турција повеќе пати со свои воени авиони и со морнарицата ги повреди териториите на Грција и Кипар.

Брисел повеќе пати ја повика турската власт да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и на пример да го ослободи активистот за човекови права Осман Кавала. Кавала во 2022 година е осуден на доживотен затвор поради наводно учество во протестите против власта во истанбулскиот кварт Гези во 2013 година. Владејачката Партија на право и развој (АКП) тоа го толкува како обид за државен удар.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial