МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ ВО ЛИЧНИ КАРТИ – СУДИР СО ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО

Доколку Собранието го донесе законот за вметнување на етничката припадност во личните карти, земјава ќе дојде во директен судир со европското законодавство.

Евроамбасадорот Дејвид Гир вели дека заштитата на личните податоци ќе биде една од првите области кога Северна Македонија ќе ги почне преговорите со Брисел, а европската регулатива за заштита на личните податоци вели дека етничката припадност е сензитивен податок.

Откако и самата влада даде негативно мислење за предлогот на БЕСА за вметнување на етничката припадност во личните карти, со предлогот не се согласи ниту претседателот Пендаровски а решението е спротивно и со европските закони, премиерот Заев сеуште останува на ставот дека такво решение треба да се изгласа во собранието и во исто време негира дека амбасадор на соседна земја дал забелешка за предлогот.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека за нив ова решение не е спорно, бидејќи во личните карти ќе може да се запише етникумот Македонец.

Евроамбасадорот Гир вели и дека од Август 2021 година во европската унија почнува да важи заедничка регулатива за личните карти, и тоа дополнително значи дека евентуално законско решение во земјава со кое ќе се стави ентикумот во личната идентификација подоцна ќе мора да биде избришано доколку влеземе во преговори со Брисел.

Во минатото Грција и Грузија мораа да одстапат од слични решенија после прекорувањата од ЕУ.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial