Ердоган се закани: „Ако уште еден наш војник биде повреден, тргнуваме во напад“
Претседателот на Турција, Рецеп Тајип Ердоган од Анкара порача дека неговата земја, во случај на напад во Сирија, ќе ги суспендира договорите и ќе ги нападне сириските сили каде и да се наоѓаат.
Ердоган држеше говор на редовниот состанок во парламентот во името на Патријата за правда и развој во Анкара, а во таа прилика се осврна и на актуелните случувања. Во фокусот на неговото обраќање биле последните конфликти на турските сили и силите на сириската влада во Идлиб.
Ердоган порача дека Турција нема да толерира ничии провокации.
„Турција нема да биде набљудувач на нападите врз цивили во Сирија дури ни кога сите други ќе ги затворат очите, ќе свртат грб и ќе ја замрзнат својата совест“, додал тој.
„Во случај на нов напад врз нашата војска, Турција ќе ги суспендира договорите и ќе ги нападне режимските сили било каде“, порачал Ердоган.