МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Ердоган на разговори во Брисел за мигрантската криза

Turkish President Recep Tayyip Erdogan addresses a meeting of provincial election officials at the headquarters of his ruling Justice and Development (AK) Party in Ankara on January 29, 2019. (Photo by Adem ALTAN / AFP) (Photo credit should read ADEM ALTAN/AFP/Getty Images)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска со претставници на Европската унија во Брисел ќе разговора за приливот на мигранти во Турција.

Илјадници бегалци стигнаа до источната граница на Турција од копно и море, каде од минатата недела кампуваат на отворено, со надеж дека ќе се пробијат до Грција за на крајот да стигнат до другите западни европски земји.

„Зарем жените и нивните деца не страдаат најмногу движејќи се по копно и по море, со надеж дека ќе заминат во Европа? Впрочем, зарем тие жени и деца не страдаат најмногу борејќи се со смртта во чамците препуштени на дивите бранови на Егејот? И, што прави Западот за ова? Дали срцето на Западот е скршено поради сето ова?“, рече Ердоган.

Бидејќи мигрантите од Сирија продолжуваат да преминуваат во Турција, Ердоган рече дека Анкара веќе не може да се придржува кон договорот од 2016 година, со кој се спречуваат мигрантите во Турција да патуваат во Европската унија.

Според договорот од 2016 година, ЕУ требаше да ѝ обезбеди на Турција околу 6,8 милијарди долари финансиска помош за домување и едукација на мигрантите. Но, Анкара вели дека не ги добила парите.

Во саботата, Анкара направи позитивен гест, бидејќи официјални лица најавија дека повеќе нема да им дозволат на мигрантите да стигнат до Грција преку Егејското Море, поради безбедносните проблеми. Но, слични ограничувања не се предвидени за копнените граници со Бугарија и Грција, каде деновите тензијата се зголемува со судирите меѓу мигрантите и грчките граничари.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial