Нова страница за информации

Економски стравувања: Што ако американските војници заминат од Германија?

Според најавите, до септември до 10.000 американски војници би можеле да ја напуштат Германија. Тоа би имало големи економски последици за малите гратчиња во кои веќе 70 години се сместени американските трупи.

Повлекувањето на американските војници секако би имало бројни геополитички последици. Но, за германските градови во кои се наоѓаат американски воени бази, редуцирањето на бројот на војници би имало многу локални и непосредни последици.

„Волстрит журнал” извести дека претседателот Доналд Трамп решил до крајот на септември да го намали бројот на американски војници во Германија од сегашните 34.000 на околу 25.000. Не е објавено од кои бази би биле повлечени американски војници. Тоа предизвикува вознемиреност во бројни, главно помали германски градови каде се сместени базите.

Мали градови, големи воени бази

Мали градови како Графенвер во сојузната покраина Баварија, или Рамштајн во Рајнланд-Пфалц, по крајот на Втората светска војна се навикнаа на присуството на американските војници и нивните семејства, а и забележаа развој врз таа основа.

Гратчето Рамштајн официјално има околу 8.000 жители, што е ситница за германски прилики. Но, истовремено во тамошната воздухопловна база се стационирани отприлика ист толкав број американски војници, а во градот има двојно повеќе членови на нивните семејства.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial