МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ЕДЕН ОД ЛИДЕРИТЕ НА БОСАНСКИТЕ СРБИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОЈНАТА ВО БИХ МОМЧИЛО КРАИШНИК ПОЧИНА ОД КОВИД-19

Момчило Краишник, еден од лидерите на босанските Срби во времето на војната во БиХ и осуден воен злосторник, почина во Бања Лука на 75 години од последиците на коронавирусот.

Краишник беше првиот претседател на Народното собрание на Република Српска и еден од најблиските соработници на Радован Караџиќ. Тој беше уапсен во акцијата на француски специјалци во 2000 година, откако Хашкиот суд распиша потерница по него. Во 2006 година беше осуден на 20 години затвор за воени злосторства, но одлежа една третина од казната и излезе на слобода во 2013 година.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial