МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Европски земји потпишаа договор за набавка на 400 милиони вакцини

Италија, Германија, Франција и Холандија денеска потпишаа договор со фармацевтската компанија „Astrazeneca“ за набавка на вакцина против коронавирусот за европски граѓани, изјави италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца.

Договорот опфаќа 400 милиони дози на вакцината, која беше развиена во соработка со универзитетот Оксфорд. Експерименталната фаза е веќе во тек и се очекува да биде завршена до есен, изјави Сперанца на Фејсбук.

Тој додаде дека првата испорака на дози за вакцини ќе биде достапна до крајот на годинава, додава Ројтерс.

Владите на ЕУ и дадоа мандат на Европската комисија да преговара за набавка на ветувачки вакцини против коронавирус.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial