ДУИ со два услова за избори, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за датумот се разминуваат за еден месец

За ДУИ избори може да се одржат било кога, ако се исполнат два услови. Едниот е Комисијата за заразни болести да каже дека таков процес нема да го загрози здравје на граѓаните и второ – изборите да ги следат странски набљудувачи.
Вториот услов, вели Бујар Османи бил споменат и по вчерашната комуникација со телата на ЕУ, кои сметаат дека одлуката за избори е наша, меѓутоа е многу важно да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР во изборниот процес.Тонско
„Тоа значи дека доколку овие два услови се исполнуваат, ако Комисијата каже дека нема ризик за здравјето на луѓето да гласаат да се организираат, и набљудувачите да констатираат дека можат да дојдат да ги следат изборите, ние сме на став дека изборите можат било кога да се одржат“, рече Османи.
И останатите политички партии велат дека здравјето на граѓаните е на прво место иако меѓу нив се води жестока политичка битка која треба да го даде одговорот кога граѓаните ќе излезат пред гласачките кутии.
Власта брза да се организира изборното соочување. Заев веќе најави дека би сакал изборите да се случат на средина од наредниот месец, на помалку од 30 дена по евентуалниот крај на рестриктивните мерки. Опозицијата, пак, типува најрано за јули.
Претседателот на ДИК во интервју за ТВ 24 порача дека процедурата за избори треба да почне од почеток и им треба нов изборен датум. А за да се прочисти избирачкиот список и да се стави во функција администрацијата на Комисијата и се потребни 50 дена. Во вторник лидерите кај претстдателот Пендаровски, се очекува да пресечат кога ќе се трча изборниот маратон.