МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Договорот за избори на 15 јули со експедитивна реализација

Договорот Заев-Мицкоски за изборите, експресно почна со реализација. 

Уште синоќа, Владата побара, а шефот на државата Пендаровски прогласи нови осум дена вонредна состојба, со единствена цел, како што стои во соопштението, да се донесат неопходните одлуки и протоколи за организирање и спроведување на изборите, со акцент на мерките за заштита на јавното здравје.

Со ова се отвори пат, веднаш по одлуката на Пендаровски, доцна синоќа владините министри да ги изгласаат договорените измени во Изборниот законик, а претседателот на Собранието Талат Џафери да донесе ново решение со кое го определува 15 јули како датум за предвремените парламентарни избори.

-Решението е ускладено со уставните и законските одредби за да можат да преземат соодветни постапки другите институции кои се надлежни. Се случуваат непредвидливи ситуации како пандемијата и затоа се случи отстапка од претходното решение. Не беше целисходно еднострано јас да кажам еве јас ви одредувам датум па вие после правете што сакате, идејата беше да биде инклузивен процес а тоа зависеше од политичката волја, истакна – Талат Џафери – претседател на Собрание.

Инаку, со владината уредбата, како прв ден за кампања се одредува идната среда, 24ти јуни, а предизборниот молк настапува во недела на 12ти јули.

Понеделник, 13ти е резервиран за гласачите кои се заразени од корона вирусот и оние кои се во самоизолација. Наредниот ден ќе гласаат болните и изнемоштени лица, а среда-15ти јули од 7 наутро до 21 часот ќе бидат отворени гласачките места за сите останати граѓани под строги мерки за заштита од вирусот.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial