МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука придонесе за промена на малопродажните цени на горивата во нашата земја

РКЕ донесе одлука за новите малопродажни цени на горивата во нашата земја кои ќе важат од ноќеска на полноќ. Така, според методологијата на пресметување на цените, дизелот поевтинува, додека бензините поскапуваат.

Имено, цените на бензинските деривати Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар по литар, додека за истата сума поевтинува Еуродизелот. Според ова, Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по цена од 60 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 за 62 денари за литар гориво.

Од друга страна, малопродажната цена на Еуродизел од утре ќе се продава за половина денар помалку, односно за 52,50 денари по литар гориво.

Во согласност со методологијата за пресметување на цените, РКЕ одлучи за намалување на продажните цени во просек од 0.50 проценти во однос на минатата недела. Од Регулаторната комисија истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат намалување за 3,404%, на дизелот за 2,411%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,859%.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial