МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Дескоска до Мицкоски: Изнесувате погрешни ставови во јавност- членство во Венецијанска комисија не е јавна функција

„Христијан Мицкоски се повикал на член 44 став 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси кој одредува забрана за вршење на две јавни функции и зборува за мојата сега веќе поврдена номинација за член на Венецијанската комисија“, реагира министерката за правда Рената Дескоска, која вчера објави дека е прифатена нејзината номинација за членство во Венецијанската комисија.

Таа на Фејсбук напиша дека лидерот на ВМРО – ДПМНЕ “неговите” правници го довеле во ситуација повторно да изнесува погрешни ставови во јавноста.

„Прво, членство во Венецијанска комисија, членство во ГРЕКО и слично не се смета за вршење на јавна функција. Сите носители на јавна функција имаат обврска да поднесат анкетен лист до ДКСК. Исто така ДКСК води Регистар на јавни функционери и до сега никогаш ниеден член на Венецијанска или на ГРЕКО не бил ставен по тој основ во тој регистар, ниту поднел анкетен лист заради членството“, објаснува Дескоска на Фејсбук.

Според неа тоа може да го потврдат сите претходни членови на Венецијанската комисија.

„Мене ми е јасно дека штом дојде на дневен ред Законот за јавно обвинителство, почнуваат напади in personam кон мене. Свртете низ историјата на интернет пребарувачите и тоа ќе го видите“, пишува Дескоска.

Според неа тоа само покажува желба за дефокус на јавноста од тоа што навистина ги боли, а тоа е како да ги запрат сите постапки кои беа почнати од страна на СЈО.

И на крајот му дава еден колегијален совет до г. Мицковски, како на колега од УКИМ: најдобри правници се добрите математичари кои завршиле правен факултет. Од друга страна само оние математичари кои имаат сеопфатно познавање од правото можат правилно да го протолкуваат. Толкувањата се правилни ако произлегуваат од сеопфатно читање на законите, а не само на ставот кој сакате да го протолкувате, пишува Дескоска.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial