МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Демолирани таблите од спомениците во центарот на Скопје

Таблите на спомениците во центарот на Скопје, поставени вчера, не издржаа ниту еден ден. Изутринава можеше да се забележи дека натписите  преку кои се акцентира хеленското потекло на личностите претставени со спомениците се искршени, одлепени или пак, украдени.

Таблата на Воинот на коњ е демолирана, а онаа којашто беше прикачена на Филип Втори – ја нема.

На плоштадот „Карпошово востание“ е оштетена и ознаката која беше поставена на споменикот на Олимпија.

Поставувањето на таблите е предвидено со Преспанскиот договор. Тие содржат текст кој наведува дека претставените личности припаѓаат на атничката хеленска историја и култура, што за дел од јавноста е откажување од дел од македонската историја.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial