МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Дел од одземениот имот на Мијалков на лицитација

Два стана во Охрид, земјиште, плац нова акуција за продажба на запленетиот имот на екс шефот на УБК Сашо Мијалков за случајот „Империја“. поднесувањето на пријавите е до 23 август, а наддавањето е закажано за 25 август. Почетната вредност на имотот е половина милион евра.

Огласени за продажба се два стана во Охрид, од кои едниот од 65 метри квадратни со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 93 илјади и 600 евра, а другиот во истата зграда од 114 метри квадратни проценет на 146 илјади и 400 евра. Покрај становите на продажба има и земјиште во скопско Студеничани од над 5,5 хектари со почетна вредност од речиси 276 илјади и 300 евра, како и мал плац кај местото Џибарица на Кожуф од скоро 322 метри квадратни проценето на 481 евро.

Имот на лицитација

– Стан во Охрид 65 м2 93 600 евра

– Стан во Охрид 114 м2 146 400 евра

– Земјиште 56 818 м2 276 300 евра

– Плац на Кожув 322 м2 481 евра

Претходно, во јули годинава на аукција на берза беа ставени запленети акции на Мијалков.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial