МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Дали ќе се изјалови намерата на Владата за воведување на еколошка такса за горивата?

Дали ќе се изјалови намерата на владата за воведување на еколошка такса за горивата? Опозицкската ВМРО-ДПМНЕ најавува блокада на Законот, и покрај уверувањата на СДСМ дека идејата е да се обезбедат пари за обновливи извори на енергија…  

Виси воведувањето еколошка такса од 1 јули. Измените во Законот за животна средина лесно го поминаа владиниот филтер, но опозицијата не сака да ја гласа мерката за поскапување на литар гориво за 3,5 денари.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека новата давачка ќе предизвика ценовен шок и ќе удри врз џебот на граѓаните. Најавија блокада на предлог-законот со сите правни механизми кои им се на располагање.

„ЗаданедозволимеЗаевдаправиштосака и даја ставацелатадржававоагонија и сиромаштија, иако веќе е,пратеничкатагрупана ВМРО-ДПМНЕ соситеможнисредствакоиимстојатнарасполагање во рамки на Собранието и во рамки на демократското работењеќегоблокираовој предлогзаконотнаЗаевзакризенданокод 4.13 денаринагоривата.“

СДСМ повторно ја корегира опозицијата дека не се работи за кризен данок, туку давачка која ќе се користи единствено за зелени политики.Математиките на власта се дека оваа еко-такса на годишно ниво ќе инкасира дополнителни 54 милиони евра кои ќе се слеваат во посебен фонд наместо во буџетската каса.

„Оване е кризенданоккакоштолажнообвинува ВМРО-ДПМНЕ. Овиетаксиќебидатнаменетиисклучивозазелениинвестиции и зелениработниместа.Тоаќепридонесезарастнаекономијата и започистаживотнасредина. Наовојначиндополнителногоунапредувамеенергетскиотсектор, затоаапелирамеситепратеницивоСобраниетодапокажатодговорност и дазастанатзадзаконскитеизменикоиносатпридобивкизадржавата.“

Ова не е единствениот предлог-закон чие стапување на сила е во неизвесност. Уште 20-тина предлози со по илјадници амандмани со месеци се заглавени во законодавниот дом, иако Заев и Мицкоски на нивната последна лидерска средба си подадоа рака за поддршка на повеќе закони.

Еден од поважните, за кој опозицијата првично даде зелено светло, е Законот за изградба на нов Клинички центар.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial