МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Гутереш: Да запре судирот меѓу војските на Турција и Сирија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика да запре судирот меѓу Турција и Сирија во провинцијата Идлиб.

Според него, вознемирувачка е промената на природата на конфликтот.

Гутереш рече дека е неопходно запирање на судирот пред ескалација која би довела до потполно неконтролирана ситуација.

-Особено сме загрижени зашто сега се судрија војките на Турција и Сирија кои се меѓусебно се бомбардираат во Идлиб, рече Гутереш.

Турските власти денеска соопштија дека нема да дозволат сириските сили и натаму да напредуваат кон внатрешноста на Идлиб.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial