МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Грчкото МНР: Очекуваме доследно почитување на договорот од Преспа

Се надеваме и очекуваме доследно почитување на договорот од Преспа како еден од критериумите за процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), изјави портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Александрос Папајоану.

Запрашан да го коментира барањето на ВМРО-ДПМНЕ да не ја вклучува придавката северна во личните карти, Папајоану рече дека не сака да коментира што вели опозицијата во Северна Македонија.

„Се надеваме и очекуваме доследно почитување на одредбите од договорот од Преспа. Не би сакал да коментирам што вели ВМРО-ДПМНЕ во овој случај“, рече портпаролот на грчкото МНР.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial