Нова страница за информации

Граѓански инспекциски совет: Потребна е поголема контрола на аерозагадувачите

Граѓански инспекциски совет: потребна е поголема контрола на аерозагадувачите

Засилени мерки од надлежните за решавање на алармантното загадување на воздухот – ова го побараа Граѓанскиот инеспекциски совет и други претставници на невладиниот сектор. Сметаат дека е потребна посериозна контрола на загадувачите и воведување нови иновативни решенија.

„На четириесетина локации Градот Скопје може да постави вакви сензори за следење на аерозагадувањето. Но, ако имаме повеќе, а имаме повеќе од тоа планирано сензори, значи дека тука ќе дојде многу убаво меѓуопштинската соработка. Да се постават и на општински згради овие сензори, каде што ќе можат самите општини веднаш да знаат од каде доаѓа аерозагадувањето и да може да дејствуваат на истото“, изјави Горјан Jовановски, основач на AirCare.

Надлежните пак се правдаат дека решавањето на загадувањето е долготраен процес за кој се потребни многу мерки и активности.

„Намалувањето на загадувањето е долг процес. Тоа мора да ни биде на сите јасно. Не може да очекуваме намалувањето на загадувањето на воздухот да се  случи за година, две или три. Мора да се превземат многу мерки. Искуствата на метрополите во Европа и во светот покажуваат дека тоа е долг процес што трае десет, петнаесет, дваесет години, за жал“, изјави Каја Шукова Советник во Министерство за животна средина и просторно планирање.

Од Град Скопје кој го наследи овој проблем од претходните раководства велат дека веќе преземаат конкрертни активности кои допрва треба да даваат резултати.

„Да го пофалам Секторот при Град Скопје кој што го врши надзорот, затоа што заедно превземавме значајни мерки во делот на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Најпрвин, со онаа акција на чистење на дивите депонии, кои беа навистина во голем број“ изјави Данела Aрсовска, Градоначалник на Град Скопје.

Според невладините потребна е засилена соработка на сите – централната и локалната власт, граѓанскито сектор и сите граѓани.

Инаку мерните станици оваа недела конечно се во зелено, но тоа се должи на поволните временски услови – снегот и ветерот. Минатата недела концентрацијата на ПМ-10 честички надминуваше 300 со што Скопје повторно се најде меѓу најзагадените градови во светот.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial