МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ГРАЃАНИТЕ СЕ СМРЗНУВААТ, РЕГУЛАТОРНА СЕ АМНЕСТИРА: Ќе има ли решение?

Граѓаните од Скопје Север, но и сите кои користат парно греење преку топланата Север и денеска се смрзнуваа. Радијаторите се студени, тие се принудени да вклучуваат грејни тела на струја за да се стоплат. Но проблемот не е само кај нив, деновиве само млаки се радијаторите на жителите и на другите скоипски наслеби. Жители на Аеродором сведочат дека парно имале само колку да се каже, а истото го кажуваат и центарци.

„БЕГ дали се слушаме? И денеска во Центар не оставивте без парно греење. Ова е веќе петнаесетти ден како парно има-нема, повеќе нема, а кога има радијаторите се млаки. Од утре се најавува пад на температурите, вели една жителка на Центар. 

Се пожалија и жители на Карпош, а сите се збунети и не знаат каде да се пожалат. Од Регулаторната комисија за енергетика само упатуваат граѓаните да се жалат до нив и да поднесуваат приговори. 

„Снабдувачот има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимална температура од 20+1 Целзиусов степен во грејните простории во времето од 6 до 22 часот во текот на денот. Дополнително, согласно член 10 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, Управителот односно Заедницата на сопственици, поднесува писмено барање до снабдувачот за промена на режимот и нивото на испорака на топлинска енергија на мерното место. Снабдувачот е должен да постапи по барањето за температурниот режим на објектот што е доставено од Управителот односно Заедницата на сопственици, соопшти РКЕ.

Сепак регулаторот, реагираат граѓаните мора да преземе и порадикални мерки и да не биде само нем набљудувач. 

Завчера се огласи и Владата која ги повикува надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје.

Од Владата информираа  дека во текот на следната недела ќе се разгледуваат можности за дополнителна помош, но едностран раскин на договорните обврски и прекин на греењето на штета на граѓаните и домаќинствата во зимски услови не може да биде ниту оправдано ниту прифатливо.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената парното греење во Скопје од овој месец е зголемена за 14 отсто.ЕСМ Енергетика, третиот снабдувач во Скопје со околу над 3.500 домаќинства, училишта и деловни објекти, соопшти дека испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial