Нова страница за информации

Градинката „Мимоза“ спрoведе хуманитарна акција

По повод „Детската недела“, под мотото „Ние сме мали хуманитарци со големо срце“, градинката „Мимоза“, која е во надлежност на ЈДГ „Весели цветови“ од Кисела Вода, спроведе голема хуманитарна акција.

Родителите на дечињата и вработените, на докажаната хуманитарна организација на скопската православна епархија при МПЦ „Свети Спас“ и донираа прехранбени производи. 

Општина Кисела Вода ги поздравува добрите дела и им благодари на вклучените во акцијата. Хуманитарната акција се спроведе и со поддршка од Општината.

Да продолжиме да бидеме хумани, да продолжиме да ги учиме и насочуваме најмладите да бидат солидарни и секогаш да им помагаат на оние на кои им е најпотребна помош во животот.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial