Голема акција во БиХ во која се вклучени 250 полицајци
По налог на Обвинителството на Босна и Херцеговина, во земјата се спроведува акција со кодно име „Вулф“. Акцијата има за цел откривање и гонење на лица осомничени за нелегална трговија со големи количини на акцизни производи.
Во акцијата координирана од обвинителот на Специјалното одделение за организиран криминал, економски криминал и корупција, повеќе од 250 полицајци на Граничната полиција на Босна и Херцеговина и Министерството за внатрешни работи на Република Српска се испратени на терен.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: