МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Вучиќ: Одлуката на Црна Гора е политичка, ние во таа кал нема да влегуваме

Beograd, 24. maja 2019. - Predsednik Republike Srbije Aleksandar Vucic primio je decu ucesnike Svesrpskog decjeg sabora. FOTO TANJUG/ SAVA RADOVANOVIC/ bg

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека нема сомнеж во тоа дека одлуката на Црна Гора од 1 јуни да не ја отвори границата е политичка, но истакна дека Србија својата граница нема да ја затвора. „Ние нема да влегуваме во таа кал“, им кажа Вучиќ на новинарите.

Ми беше јасно од првиот момент дека таа одлука е политичка и уверен сум дека таа ќе се менува, не затоа што одеднаш ќе почнат повеќе да ја сакаат Србија, туку затоа што тоа ќе го бараат нивните интереси и сигурен сум дека ќе бараат доволно добра причина да ја сменат“, кажа српскиот претседател.

Вучиќ тврди дека сите земји на кои Црна Гора им дозволила влез имаат пропорционално значително поголем број мртви од Србија.

Тој кажа и дека Србија нема да „влегува во таа кал“ и да ги сопира граѓаните на Црна Гора и да проценува кој колку тестови направил, „од кои болести се умирало, а не се пријавувало“, пренесува Танјуг.

„Ние ќе ги држиме нашите граници отворени, бидејќи тоа не е само во европскиот дух, туку и во српскиот дух, духот на добрите пријателски и братски односи, а со тоа би ги казнувале Србите кои таму живеат, а не сакаме да ги казнуваме ни нив, ни останатите државјани на Црна Гора“, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека Србија нема никого поблизок од Црна Гора, но тоа не занчи дека се согласува со политиката на власта во Подгорица.

„Тоа се наши браќа, од која вера и нација да се. Сите граѓани на Црна Гора се добредојдени во Србија и немаме никаков проблем со тоа. Никакви ограничувања по национална, верска или друга припадност нема да воведуваме, а ним им благодарам што покажаа што мислат за нас, со тоа што повеќе кажуваат за сееб отколку за нас“, кажа Вучиќ.

Наведе и дека одлуката на Директоратот за цивилно воздухопловство за суспензија на слетување на авионите на Монтенегро ерлајнс на белградскиот аеродром е најелегантниот и најпристоен можен одговор на Белград на одлуката на Подгорица.

„Ние дополнително ќе ги затвориме границите за уште 50 или 100 луѓе од криминалните групи на Црна Гора, тоа е мерката што ќе ја преземеме“, кажа Вучиќ,

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial